Николовски: Со конкретни политики и мерки и целосно враќање на достоинството, ќе ги задржиме младите во нашата земја
„Со конкретни политики и мерки и со реформирање на институциите и враќање на достоинството ќе ги задржиме и ќе ги вратиме младите во нашата земја“, порача Љупчо Николвски, носител на Изборната листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, во третиот Изборен регион, на синоќешната трибина во Виница.
На прашањето на граѓанин присутен на трибината, што ќе се направи за да се задржат младите дома, Николовски особено се осврна на мерките кои во голем дел ги користат младите во Источниот регион.
„Една од првите работи што ги променивме е во делот на земјоделството, односно обезбедивме конкретна поддршката на младите фармери. Ја зголемивме мерката за млади земјоделци од 10 на 20 илјади евра и таа мерка сега ќе почне да се имплементира. На самиот почеток на мандатот склучивме 424 договори за грантови за млади земјоделци, што е огромна поддршка за младите фармери. Бев во фирма за трактори, за механизација и среќен сум што слушам е дека фирмите за механизација во државава немаат доволно количини, колку што имаат побарување и договори колку што се склучени со млади луѓе. Тоа е јасен сигнал дека сме тргнати во вистински правец, дека ги решаваме проблемите“, додаде Николовски.
Тој потенцираше дека денеска Македонија е лидер во искористеност на ИПАРД фондовите, а пред само две години бевме под закана дека ќе ни биде одземена акредитацијата за ИПАРД.
„Ова е само еден сегмент преку кој даваме поддршка и тоа без никаква селекција, без партиска книшка. Тоа така мора да биде“, додаде на крајот Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа