Мисајловски: Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе победиме и ќе ја обновиме Македонија

 

Потпретседателот и носител на изборна единица 2 Владо Мисајловски денеска оствари средба со жителите на скопската населба Керамидница, општина Гази Баба при што пред присутните истакна дека Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ и дека заедно со граѓаните на 15 јули ќе им порачат на СДСМ дека е доста од нивното владеење.

-Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ. Знаете што се случуваше овие 3 години посебно со една тема како да го сменат името, како да не понижат, како да се полнат торби со пари, со оние познати торби Луј Витон, корупција насекаде, а да се фалат дека многу работат и дека се во оваа држава се како што треба. Но, не е така и навистина треба заедно да им порачаме дека е доста и да ги казниме, вели Мисајаловски.

Рече дека СДСМ не ги реализирала проектите кои што ги ветила пред граѓаните, како и дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ Обнова за Македонија има 1000 проекти кои што ќе се реализираат во наредниот четиригодишен мандат.

-Кога ќе ги прашате СДСМ  каде се оние 230 километри автопати што ги ветуваат не знаат да кажат кои се, не знаат да кажат дали платата е покачена за 500 евра како што ветуваа, не знаат дали има 100.000 денари за докторите. Но, затоа ние имаме 1000проекти, ќе се зголемат пензиите, ќе е зголемат платите за 25 проценти, вели тој.

Во однос на националните понижувања од страна ан владата на СДСМ, Мисајловски посочи дека Гоце Делчев е Македонец, македонскиот јазик е македонски и за нив нема преговарање.

-Гоце Делчев е Македонец и точка, нема што да преговараме, тоа е завршено, македонскиот јазик е македонски и нема преговарање, нема  што тука да разговараме, рече Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега