Кире Лазаров најави пензија

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров ја игра последната сезона во својата кариера, објави тој во интервју за „Вечерњи лист“.

– Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер, изјави Лазаров.

Тој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација.

– Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација, посочи бекот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега