Владата го усвои законот за објавување на даночните должници
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информираше дека Владата го усвоила законот за објавување на даночните должници.
- Ќе се овозможи Управата за јавни приходи и Царинската управа да објавуваат листи на најголеми должници на своите веб страници при што на таа листа ќе бидат сите неплаќачи на данок. Јавно ќе се објавуват имиња на граѓани кои должат над две илјади евра, како и фирми кои должат над пет илјади евра, изјави Ставрески денеска во Дојран.
Како што информираше Ставревски, ќе бидат објавени имињата на сите должници кои должат повеќе од 90 дена, долг над 2 илјади евра за физички лица, и над 5 илјади евра за правни лица по основ на даноци, царини, акцизи и придонеси, најдоцна до 10-ти во месецот.
24.10.2013 - 16:03
Фото:
Новатв.мк