Груевски со набинеа агенда во Брисел - вечерва средби и со Вимонт и Даниелсон

 

Во продолжение на неговата работна посета на Брисел, македонскиот премиер Никола Груевски вечерва ќе оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) Пјер Вимонт и со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон и со бугарскот премиер Пламен Орешарски.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел по неколкуте билетарални средби во рамки на Самитот на Европските народни партии Груевски ќе има заедничка вечера со Димонт и Даниелсон, а по неа ќе се сретне и со претседателот на Владата на Република Бугарија.

Тема на разговорите со првите оперативци на ЕУ се очекува да биде Извештајот на ЕК за Македонија и понатамошниот тек на македонските евроинтеграции, додека со Орешарски, Груевски се среќава само неколку часа по изјавата на експремиерот на Бугарија Бојко Борисов дека нашиот источен сосед не треба повеќе да не блокира на патот кон ЕУ.

Како што е познато утре во зградата Берлемонт македонскиот претседател на Владата ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе

24.10.2013 - 19:37
Фото: 
МИА

најчитано сега