Кинеска делегација во посета на Прилеп

 

Кинеска делегација од провинцијата Ченг Ду денеска ќе го посети градот Прилеп. 

Предвидено е претпладнево делегацијата да го посети прилепскиот тутунски комбинат и фабриката за цигари, а потоа ќеоствари средба со градоначалникот на општината,  Марјан Ристески.

Пред само неколку месеци прилепска општинско стопанска делегација беше во неколкудневна посета на гинескиот град Дејанг.

Целта на посетите е воспоставување меѓусебна соработка, особено во стопанството, културата и на ниво на градови.

25.10.2013 - 09:21

најчитано сега