Kим Кардашјан по веста дека се разведува: Канје е брилијантна, но комплицирана личност

 

Ким Кардашјан во средата побара сочувство бидејќи нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, страдал од биполарно растројство, што довело до низа хаотични јавни коментари за теми што се движат од политика до нивниот брак.

Изјавата на Кардашјан на нејзиниот профил на „Инстаграм“ беше нејзин прв јавен коментар по неколку недели интервјуа, јавни настапи и коментари на „Твитер“ од страна на Вест, кои предизвикаа загриженост за менталното здравје на добитникот на „Греми“.

„Како што многумина од вас знаат, Канје има биполарно нарушување“, напиша таа нарекувајќи го „брилијантна, но комплицирана личност“.

Вест откри дека имал биполарно растројство во 2018 година, а во минатото се жалеше дека лековите ја задушуваат неговата креативност. Тој одеше на психијатриски третмани во 2016 година.

Биполарното нарушување е форма на ментално заболување кое се карактеризира со невообичаени промени во расположението помеѓу екстремна енергија и депресија, според Националниот институт за ментално здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега