ВИДЕО: Ги искрши прозорите, го поли автомобилот со бензин, а кога фрли чкорче настана експлозија
Љубомора, лутина, прељуба, нерасчистени сметки или едноставно зафатено паркинг место се само некои од прилините кои се споменуваат откако во јавност се појави снимка од жена која со бензин полева автомобил кој е на паркинг, а потоа го пали.
Според наведеното оваа непријатна случка е снимена некаде во Америка.
Имено девојката со капа и маска на лицето се доближува до паркираното возило, додека во рацете носи црвен канистер. Потоа се приближува до автомобилот, ги крши прозорците и истура бензин во внатрешноста на возилото.
Меѓутоа кога фрли чкорче внатре во автомобилот се случи експлозија попратена со пламен, која таа не ја очекуваше. Експлозијата била толку јака што ја отфри од автомобилот и падна на бетонот.
Во паника почна да бега, но потоа се врати по канистерот, па повторно се оддалечи од местото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа