Се огласи мајката на синиот ангел: Си ја сакам ќерката назад! (ФОТО)
Жената која се верува дека е мајка на мистериозното русокосо девојче кое се појави во ромска населба во Грција, 35-годишната Саша Русева, вели дека морала да ја остави ќерка си, но сега си ја сака назад.
Жената вели дека немала пари за документи, па затоа и ја оставила во Грција, не зошто сакала, туку била приморана бидејќи немала услови да ја чува. Но според британски Дејли мејл, оваа мајка на десет деца досега два пати била апсена поради продавање на деца и во двата наврати избегнала казна. Таа живее во трошна куќа каде има само еден кревет, а нема вода.
-Не ја продадов Марија ниту, пак, ја оставив. Последниве четири години не ја заборавив. Се молам за неа секој ден. Ја сакам назад, ја сакам назад, изјавила Саша која го родила првото дете на само 13 години. Немала пари за документи па ја оставила Марија кај една цимерка која требало подоцна да и ја прати Марија во Бугарија, но не го направила тоа.
Атан, за кој се претпоставува дека е биолошки татко на Марија во полиција изјавил дека не ги знае имињата на сите негови деца бидејќи се многу.
Инаку, Марија го привлече вниманието на светската јавност кога беше пронајдена во ромска населба во Грција.