Поднесени 402 барања за користење средства од ИПАРД програмата

 

На осмиот јавен повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД програмата се поднесени 402 барања.

Како што денеска информираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерката 101 или инвестиции во земјоделски стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ се поднесени 335 барања, за мерката 103 или инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ вкупно 14 барања, додека за мерката 302 односно Диверзификација и развој на руралните економски активности се поднесени вкупно 53 барања.

Вкупната вредност на инвестициите изнесува околу 19 милиони евра, а вкупната сума за кофинансирање околу 10 милиони евра.

Инаку, со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници наместо до 22 август, јавниот повик беше пролонгиран до 30 септември годинава.

 

25.10.2013 - 12:52
Фото: 
Дневник

најчитано сега