„Пиратите" бараат укинување на суспензијата на голманот Станиќ

 

Навивачката група на ракометниот клуб Металург застанаа позади српскиот голман Дарко Станиќ.

Пиратите се одлучиле на иницијативниот одбор да му достават иницијатива за укинување на суспензијата на голманот.

- Тоа е наша одлука од состанокот и таа наша иницијатива ќе ја доставиме и до клубот. Незадоволствата и недоразбирањата ќе се надминат, има начин како тоа се решава. Инсистираме на тоа за доброто на клубот, за атмосферата, дури и за Дарко Станиќ како играч и личност. Тој знае колку ни е омилен, но и клубот знае дека Дарко Станиќ му треба на Металург. Затоа ние поведуваме иницијатива да се укине суспензијата и тековно потоа да се решаваат проблемите – рече навивачката група за спортскиот портал ТемпоМК.

25.10.2013 - 15:00
Фото: 
Хитпортал

најчитано сега