СДСМ: Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и граѓаните е лицемерен и затоа остануваат во опозиција

Апсење новинари, упади и затворање медиуми, погазување на слободите на граѓаните и неистомисленици, таков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и критичката јавност, цели 11 години, се вели во реакцијата на СДСМ, на соопштението на опозициската партија.

„Поради таквиот однос на режимот на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава со години беше на дното на Европа по граѓански и новинарски слободи.

За разлика од таквото темно минато, денес владее слобода, секој отворено и без страв може да ја критикува власта, но и секој друг политички субјект во државата, а бројни извештаи на меѓународни организации и институции го препознаваат напредокот што Република Северна Македонија го прави во заштита и унапредување на новинарските слободи.

Тоа, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да може да го разбере, ниту пак да го обезбеди. Нивниот однос кон медиумите, кон граѓаните е лицемерен, потценувачки и затоа остануваат во опозиција и следните 4 години“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега