Владиката Петар: Ќе го забраниме Твитер

Откако МПЦ забрани користење на Фејсбук, Владиката Петар во интервју за Нова ТВ порача дека следна забрана ќе биде и Твитер доколку утврдат дека и таму се објавуваат непристојни содржини. 

Владиката Петар ваквата констатација ја образложи со тоа што пред 2 години некои од луѓето кои работат низ епархиите а не се свештени лица продолжиле со злоупотребите на  фејсбукот иако тој бил забранет за употреба кај свештенстовото и монасите во Преспанско-Пелагониската епархија. Владиката Петар вели дека тие само ја следат одлуката на руската црква. 

„Главниот проблем е што таму се случуваат недолични работи, многу материјали се пуштаат кои се неодостојни, со порнографија, има лица кои се занимааваат со тоа и откриваат такви нешта. Нам на свештениците ни се обраќаат лугето со доверба и заради тоа можат да бидат злоупотребени, се работи за голема мрежа“, вели Владиката Петар за Нова ТВ.

26.10.2013 - 12:07
Фото: 
Кајгана

најчитано сега