Синди се извини што Скопје го нарече село

Синди која беше една од станарите во куќата на Големиот брат по прогласувањето на победникот се извини бидејќи во текот на шоуто Скопје го нарекла село.

Синди беше благодарна и почестена заради можноста да им се извини на македонците. Имено таа при одјавата на шоуто а по барање на водителка и се обрати на македонската публика:

- Искрено ми е жал заради мојата изјава, јас многу ги почитувам и скопјаните и Скопје. А подоцна додаде дека се секава на снимањето на спотот со Нокаут и дека поминала прекрасни мигови со момците од групата а пријатен и бил престојот и во Скопје.

најчитано сега