Гостиварчанец „оперирал“ по куќи во Охрид

 

Охридксата полиција поднесе кривична пријава против  Б.И.(23) од Гостивар поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно девет казнени дела од кои осум „тешка кражба“ и една „кражба“.  Како што информирма МВР, пријавениот кражбите ги вршел во текот на овој како и во месец декември 2012 година во куќи чии сопственици биле на привремена работа во странство. Со подесен алат ги кршел бравите и катинарите на влезните врати од каде по целосното пребарување одземал мобилни телефони, лап топ компјутери, часовници, златен и сребрен накит и други вредни предмети кои ги продавал во Струга и во други градови. Б.И. е добро познат на службата поради низа извршени кражби во повеќе градови во земјата за што против него биле поднесувани кривични пријави.

26.10.2013 - 12:42

најчитано сега