Претепани двајца полицајци во Охрид

 

Двајца полициски службеници биле нападнати попладнево при интервенција за нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Даме Груев“  во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека се приведени две лица. Тој појасни дека полицајците биле повикани од граѓани поради гласна музика во куќа од улицата.

- Полициските службеници, по дојава од граѓани за нарушување на јавниот ред и мир, при интервенцијата биле нападнати од две лица. По направениот преглед во Хируршкото одделение во Охридската болница не се констатирани тешки телесни повреди врз службените лица, изјави Димоски.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

26.10.2013 - 20:49

најчитано сега