ВМРО-ДПМНЕ: Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта со дивоградбата кај Мавровка
Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта. Објектот кај Мавровка е изграден во време на Влада на СДСМ. Значи дека немало институција која реагирала и дека нема систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, рушењето на таков објект за кој власта дозволила да се изгради сега ќе се плата од џебот на граѓаните.
-Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам од страна на Јавното обвинителство. Дивоградбата кај Мавровка е изграден во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви. Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволиле да се изгради.
-Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?, прашуваат од опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа