Никој не сака да ја погреба Бугарката која беше пронајдена мртва во Струга

 

Поминаа два месеци а Бугарката која беше пронајдена мртва во изнајмена соба во Струга, сеуште не е погребана и се наоѓа во битолската капела, пренесува Охриднет. 

-Починатата немаше ниту патна исправа, ниту лична карта. Таа илегално престојувала во Струга. Кај неа беше пронајдена единствено здравствена книшка, но никој досега не извршил идентификација на телото, вели претседателот на струшкиот Суд Ади Усеини за „Охриднет“.

Бугарската амбасада засега не е заинтересирана да го преземе и погребе телото својата државјанка, бидејќи никој од нејзиното семејство не покажало интерес за безживотното тело.

Сеуште не е познато кој ќе ја погреба и каде ќе биде погребана починатата жена, ниту пак кој ќе ги плати трошоците за чувањето на телото во битолската капела.

63-годишната туристка од Софија на 11-ти август беше пронајдена мртва во изнајмена соба во Струга. Телото го пронајде сопственикот на куќата, а според полицискиот извештај медицинска екипа констатирала смрт без траги на насилство. 

27.10.2013 - 14:38

најчитано сега