Вучиќ ќе го посети Косово на три дена пред локалните избори

 

Александар Вучиќ на 31 октомври планира да го посети Косово. Првиот вицепремиер на српската влада планира да посетата да ја направи три дена пред косовските локални избори. Тој инсистира да дојде заедно со министерот без портфељ Александар Вулин, против кого приштинските власти издадоа наредба за апсење. 

Вучиќ планира да обиколи неколку српски енклави во Косово и да ги повика своите сонародници да гласаат на локалните избори на 3 ноември и таму, каде тоа е можно, да формираат свои институции.

Српското државно раководство се подготвува за силна дипломатска акција кон официјален Брисел, за да може во текот на следната недела да им се дозволи на сите политички претставници на Белград без никакви пречки да влегуваат во Косово и да учествуваат во предизборната кампања.

Србија, исто така, очекува ЕУ да ја осуди изјавата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој во Призрен изјави дека „Турција е Косово, а Косово е Турција“, забележува весникот „Вечерње новости“.

27.10.2013 - 16:00

најчитано сега