Состојбата на Ромите во Македонија најдобра на Балканот

Норберт Мапес-Нидек на форумот посветен на Ромите во Бундестагот ја пофали Македонија за состојбата во која живеат Ромите во неа и истакна дека само македонските градоначалници знаат за Ѓурѓовден да отидат во ромските маала и да го честитаат празникот, пренесе Дојче Веле.

- „Во Македонија постои позитивна дискриминација кон Ромите, што значи дека државата преку одредени квоти и етнички клуч, се обидува и нив да ги вклучи во нормалното живеење. Така, во најмала рака од политички аспект гледано, Македонија е најдобра на целиот Балкан. Освен историјата и претпазливиот однос кон Ромите на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Македонија постои традиција уште од турските времиња луѓето од различни етникуми да живеат во различни маала, населби што значи да немаат премногу контакти, но и покрај тоа да имаат почитување и соживот. На пример, и сега градоначалниците на Скопје, колку што знам, честопати одат за седми  април или за Ѓурѓовден во Шуто Оризари, ги поздравуваат лидерите на Ромите и на народот му го честитаат празникот, што не се случува ниту во Чешка, ниту во Словачка, кои имаат централноевропска традиција“, изјави Норберт Мапес-Нидек, автор на книгата „Сиромашни Роми, лоши Цигани“, кој говореше на форумот во Бундестагот посветен на состојбата на Ромите во Европа и на Балканот, изјавува Норберт Мапес-Нидек, пренесува Дојче Веле.

ФОТО:Сител 

 

најчитано сега