Ајвар без лупење и печење на пиперките: Д-р Филгуд го откри рецептот- возможно е
Д-р Саша Плечевиќ познат како Д-р Филгуд, откри како ја подготвува традиционалната зимска храна - познатиот ајвар. Она што го прави неговиот рецепт различен од најпопуларните е што не се печат пиперки!
Заборавете на печење, макотрпно лупење пиперки и валкање „еден куп“ садови! Бонус е што ајварот подготвен на овој начин е поздрав, а д-р Филгуд за „Блиц“ вели дека е повкусен од класичниот.
И еве како да подготвите ...
Состојки:
600 гр црвена пиперка
2 чешниња лук
морска сол
маслиново масло
бипер
Подготовка:
Пиперките добро измијте ги и исечете ги на помали коцки. Прелијте ги со масло, сол и оставете да се маринира околу три часа. Ставете ги пиперките во плех, и исушете ги околу четири часа во рерна загреана на 50 степени. После тоа, ако сакате, извадете ги лушпите од пиперките, а потоа мелете ги пиперките во мелница за месо. За време на мелењето, додадете бибер, лук и, ако сакате, лута пиперка. На крај, додадете повеќе масло и користете го за да додадете густина на ајвар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа