Косово не сака изградба на гасовод од Ниш до Приштина

Косовската влада не сака да се гради гасовод од Ниш до Приштина. Таа се противи на идејата на Белград и додаде дека ниту Србија ниту кој било друг може да им кажува на кој гасовод да се приклучат, изјави денеска косовскиот министер за економски развој Фадил Исмаили. Весникот „Коха диторе“ наведува дека Исмаили наредил и да се спроведе истражување за тоа на кој гасовод е најдобро да се приклучи Косово, додавајќи дека најверојатно тоа ќе биде гасоводот кој што минува низ Албанија. 

 

 

28.10.2013 - 15:51

најчитано сега