Николај Крастев: Ајде да направиме автопат Скопје-Софија кој ќе се вика Гоце Делчев

 

„Вистинските непријатели на зближувањето меѓу Бугарија и Македонија се Србија и Русија“, вели бугарскиот новинар и аналитичар за балкански прашања Николаj Крастев, во интервју за Прес24. 

Крастев, кој е е поранешен дописник на Бугарското Национално Радио во Белград и во Москва, и специален известувач за многу настани од Балканот, одличен познавач на регионалните прилики и односите Македонија-Бугарија, вели дека било гешка што двете држави во договорот за добрососедство основата ја поставиле на историските прашања и денеска имаме изгубени три години во градењето на меѓусебните односи на зближување.

-Јас не ја разбирам целта на направената закана од високи функционери во бугарската владејачка коалиција за блокирање на Северна Македонија да почне разговори за членство во ЕУ. Според пошироките општествени кругови во Софија, меморандумот е обид Бугарија да добие чудни гаранции за објективено читање на историјата. Но тоа објективно читање на историските факти може да и попречи на политичката реалност денес на Балканот и во делот на евроинтеграцијата на Северна Македонија, вели бугарскиот аналитичар во интервјуто за Прес24.

Според него вина во ваквиот развој на настаните меѓу двете држави има и во Скопје и во Софија, посочувајчи дека Бугарија треба да ја признае денешната реалност, но во Македонија мора да се направи објективно читање на историјата.

-Сметам дека Бугарија ќе добие ако го признае фактот дека граѓаните на Република Северна Македонија зборуваат на македонски јазик и дека тој води корени од 19-20 век, кога блискоста меѓу двете општества била многу силно изразена. Во Скопје треба разумно да се погледне, преку историската перцепција, дека двата јазика кои денес се факт, биле во едно културно пространство, но со времето се оспособиле и развиле свои патишта на развој заради политичките и историските околности. Нема ништо лошо ако се каже дека објективната реалност ги сврзувала двете општества во последните 150 години, но по Балканската војна, Првата Светска Војна и особено по Втората Светска Војна, процесите се развувале на различен начин во нашиот регион, вели Николај Крастев во интервјуто.

Во него тој дава многу интреснин детали и анализи за тоа како Македонија и Бугарија треба да ги градат меѓусебните односи и кои има интерес тоа да го спречува.

- Ако Бугарија го признае македонскиот јазик, таа ќе ги разоружа аргументите на Србија и Русија ставајќи точка на поттикнувањето на конфликтите меѓу нашите две соседни држави. Веќе реков дека Договорот меѓу Бугарија и Македонија треба да биде исполнет со реална содржина. Таквата содржина е изградбата на пример на автопат меѓу двете држави, кој би го носел името Гоце Делчев. Видете што ќе прават Србија и Косово, со американски капитал, ќе градат автопат меѓу Ниш и Приштина, кој ќе го носи името „автопат на мирот“. Ако можат Срби и Косовари да го направат ова само 21 година по конфликтот во Косово, зошто и ние Бугари и Македонци не можеме? Време е Бугарија и Македонија да продолжат напред, затоа што времето работи за нашето зближување, независно од проблемите кои никнуваат, или ќе никнуваат во иднина.  вели Николај Кратсев во интервјуто за прес 24. 

ПРЕС24: Еден документ на Бугарија, насловен како објаснувачки меморандум испратен до земјите членки на ЕУ, предзвика повторно бура од реакции, пред се во Скопје. Во Македонија ова се толкува како закана од Бугарија за блокада на евроинтергативниот пат на Македонија. Како тоа се толкува во Бугарија?

КРАСТЕВ:  Се се врти околу читањето на историјата од 19 и 20 век и меѓусебните односи на двете општества. Јас не ја разбирам целта на направената закана од високи функционери во бугарската владејачка коалиција за блокирање на Северна Македонија да почне разговори за членство во ЕУ. Според пошироките општествени кругови во Софија, меморандумот е обид Бугарија да добие чудни гаранции за објективено читање на историјата. Но, тоа објективно читање на историските факти може да и попречи на политичката реалност денес на Балканот и во делот на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Освен од фејсбукопатриотите, масовен израз на чувства и коментари за темата нема, освен од определени минорни кругови. Сепак, ова не треба да создава пречки на патот на соседна Македонија кон ЕУ, колку и да ви изгледа комплицирано во моментот.

ПРЕС24: Генерално документот е збунувачки, особено во делот кој се однесува на игнорирање на денешната реалност. Тоа е идентитетот на Македонците како Македонци и на јазикот како македонски. Иако дел од политичарите во Софија, како што е европареникот Андреј Ковачев и министерката за надворешни Екатерина Захариева, кои во неколку изјави велат дека Бугарија ја признава реалноста, сепак нејасно е зошто Официјална Софија инсистира на поинакво именување, особено на јазикот и наместо македонски јазик, инсистира на формулација јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија. 

КРАСТЕВ: Формулацијата како јазик според Уставот на државата е од времето на 1999 година, кога премиерите на двете држави, Иван Костов и Љубчо Георгиевски ја потпишаат заедничката декларација, каде јасно е посочено дека таа се потпишува „на официјалните јазици на двете држави – на бугарски јазик, согласно бугарскиот Устав и на македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија“. Сметам дека Бугарија ќе добие ако го признае фактот дека граѓаните на Република Северна Македонија зборуваат на македонски јазик и дека тој води корени од 19-20 век, кога блискоста меѓу двете општества била многу силно изразена. 

Во Скопје треба разумно да се погледне, преку историската перцепција, дека двата јазика кои денес се факт, биле во едно културно пространство, но со времето се оспособиле и развиле свои патишта на развој заради политичките и историските околности.

Нема ништо лошо ако се каже дека објективната реалност ги сврзувала двете општества во последните 150 години, но по Балканската војна, Првата Светска Војна и особено по Втората Светска Војна, процесите се развувале на различен начин во нашиот регион. 

Во Скопје треба да се отвори прашањето дека имало неколку комисии по 1944 година, на кои имало различни варијанти како да изгледа македонскиот јазик и дека како тој изгледа денес е плод на политички мешања. И вие знаете дека првите решенија на јазичната комисија од есента 1944 година биле поблиски до јазикот на преродбениците, но по 1945 година, кога се случува крвавиот Божик тие се менуваат под притисок на Тито и комунистичка Југославија. Сметам дека јазикот не треба да биде проблем меѓу Софија и Скопје, туку напротив средство за комуникација и изразување. И двете страни треба да си ја погледнат реалноста во очите и да направат чекор напред.

ПРЕС24: Да бидеме попрецизни. Бугарија дефакто признава постоење на посебен јазик, но одбива тој јазик да го нарекува македонски. Тоа е политика која овде во Македонија предизвикува фрустрации и веројатно во голема мера и ги подгрева негативните страсти кон Бугарија? 

КРАСТЕВ: Разбирам дека предизвикува проблеми. Имам чувство дека определени кругови во Бугарија поврзани со минатото под маските на заштитници на националните интереси, не сакаат да ја видат реалноста на Балканот и живеат во свој свет. А таа е дека има независна Република Северна Македонија и дека таа има сопствен јазик. Појавата на јазикот треба да се знае, но не треба да е водечка во односте меѓу Софија и Скопје. Бизнисот и претставниците на културата знаат на каков јазик комуницираат и можат да се разберат, но тие не можат ефективно да соработуваат затоа што политичките проблеми влијаат на климата меѓу нив. Не треба да се подгреваат старите проблеми, туку да се движиме храбро напред. Ако Бугарија го признае македонскиот јазик, таа ќе ги разоружа аргументите на Србија и Русија ставајќи точка на поттикнувањето на конфликтите меѓу нашите две соседни држави. Исто така сметам дека треба да се промени одност кон македонските Бугари во вашата држава. Тие не треба да се плашат да се декларираат како такви и да можат да најдат можности за нивна реализација во државната администрација. Тие треба да бидат признаен дел од македонската нација и да не бидат изолирани само затоа што се локални Бугари. 

Да не заборавиме, на пример една од организациите на македонските Бугари активно учествува во протестите наспроти режимот на Никола Груевски. Бугарскиот културен клуб – Скопје учествуваше на протестите во 2014 година пред зградата на Владата. Подоцна за време на кампањата за референдумот за промена на името на вашата држава тие активно ги повикуваат сограѓаните да учествуваат во него.  Во 2018 година, на 11 годишнината од БККС, на прославата присуствува Премиерот Зоран Заев и тогашниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, што беше многу важен момент. 

Треба отворено да се каже какви се нешта тие луѓе прежиевале по 1944 година и на какви се прогони биле подложени од југословенските комунистички власти на Тито. 

Во исто врме, откако ќе се објективизра историјата, треба да биде напуштен духот на крајот од 40-ите години на 20 век. Денес имаме историска шанса да постигнеме толку многу, но круговите, кои се противат не се само во Софија, туку и во Скопје. Тие сакаат да ги вратат стрелките назад во корист на Москва и Белград, подхранувајќи нови конфликти меѓу Бугарија и соседна Македонија.

ПРЕС24: Ајде да ја поставиме тезата поинаку. Дали Македонија и Бугарија сакаат добрососедски односи, или Бугарија сака само ревидирање на историјата? Дали Македонија сака добрососедски односи, или Македонија сака само да влезе во Европската Унија? Има ли искреност во односите на двете држави?

КРАСТЕВ: Секако дека Бугарија сака да развива добрососедски односи со Република Северна Македонија. Луѓето од двете страни на границата треба да можат слободно да патуваат и да се чувствуваат подеднакво добро во Битола, Струмица, Охрид и Струга, како и соодветно на тоа во Пловдив, Плевен, Бургас и Русе. Ќе ви посочам дека многу бугарски државјани одат во соседна Македонија на викенд туризам, кој дава суштински придонес во економијата на вашата држава. Многу македонски државјани одат во бугарските зимски центри и тоа се вистинските амбасадори меѓу нас.

Бугарија сака соседна Македонија да влезе во ЕУ и тоа стана сосема јасно за сите кога Софија, како претседавач со ЕУ во 2018 година ја врати темата за Западниот Балкан во видното поле на Брисел, за прв пат по Солун 2003 година и побара ЕУ одново да се сврти кон европскиот југоисток и да се сврти кон ветувањата дадени на државите од тој регион.  Верувам дека Скопје сака добрососедски односи со Софија, колку и да изгледа тоа сложено во сегашниот момент.

Што се однесува до тоа дали Бугарија сака добрососедски односи со Северна Македонија, или редефинирање на историјата, сметам дека во Софија има желба за објективизирање на историјата и водење на мирен дијалог за тие чувствителни теми. Треба да има повеќе канали на комуникација меѓу луѓето и општествата во двете држави, да не бидат водечки само политичарите. Младите луѓе, претставниците на културата, интелектуалците и најпосле бизнисот можат да бидат тие кои ќе водат неформален дијалог и да ги притискаат политичарите да се усогласуваат со нивните ставови дека Бугарија и соседна Македонија треба да се движат напред и да се зближуваат.

ПРЕС24: Ако реално се погледнат состојбите, што во последните 30 години Македонија и Бугарија направиле заедно во корис на добрососедските односи и зближување на народите? 

КРАСТЕВ: Ајде да не заборавиме дека Бугарија прва ја призна под уставно име Република Македонија во зимата 1992 година. За време на големата грчка блокада, кога младата балканска држава имаше потешкотии со надминување на трговското ембарго, Бугарија го отвори пристаништето во Бургас за снабдување на вашата држава со сите неопходни производи.  

Бугарскиот премиер Димитар Попов во почетокот на 90-ите откажа да учествува на средбата меѓу Караманлис и Милошевиќ за поделба на Македонија, со што даде свој придонес за регионалната стабилност на Балканот. Бугарија искрено работеше режимот на Милошевиќ да не создава проблеми кај нашиот југозападнен сосед. Пример за тоа се активностите на бугарската дипломатија во поддршка на младите институции во Скопје кога југословенската армија се повлекуваше со цел да не предизвика проблеми при нејзиното напуштање на вашата држава. 

За време на посетата на Софија, а под влијание на бугарскиот претседател Жељо Жељев, поранешниот руски претседател, Борис Елцин ја признава независноста на Република Македонија. Бугарија за време на изминативе 20 години ги отвори универзитетите за да можат многу млади македонски државјани да го градат своето високо образование. 

Да не заборавиме дека човечкиот капитал, кој го поседуваат Бугарија и Македонија, роднинските врски и заедничката семејна историја, што ја имаат многу луѓе во двете држави е сериозен мост, кој може да се развива и во иднина.  

ПРЕС24: Има ли во овие политички релации на Македонија и Бугарија и противници на идејата за градење на пријателски, братски мостови. Кој стои зад тоа?

КРАСТЕВ: Противници на зближувањето меѓу Бугарија и Македонија биле Русија и Србија. Тие работеле и денес продолжуваат многу активно да работат против нашето зближување. Старите кругови, блиски до режимот на комунистичкиот авторитарен лидер, Тодор Живков се уште се активни. Преку нив се спроведуваат директни и индиректни нарачки за сопнување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Еден од тие сериозни противници е Русија, која во последните 120 години секогаш сакала да биде арбитер во односите на балканските народи. Таква е желбата на рускиот император Николај Втори, кој ветува дека ќе посредува меѓу нашите народи, но во корист на Србија. 

Прво СанкПетерсбург, а сега Москва го сметаат Белград за свој стратешки сојузник на Балканот и во голем дел од од своите дејствувања биле водени од тој принцип.

Кога Бугарија ја објавува независноста во 1908 година и станува независна држава, тоа се случува откако ја добива од Русија, но во замена на тоа таа сака од бугарските власти да ги уништат дејците на ВМРО, кои биле на нејзина територија и се бореле за ослободување и од Отоманската Империја. 

Денес гледаме дека руската политика кон Македонија не се променила. Спмнете си за време на „крвавиот четврток“ през пролета 2017 година, како официјалниот претставник на србските служби Горан Живајлевиќ се фотографира во позадина на обидите да биде преземено Собранието. Покасно станува јасно дека дека таа операција била планирана од руското воено разузнавање во Белград и Софија, а деталите биле договорени на средба во некоја од вилите на вработен во руските служби на бугарското Црно море.  Владислав Филипов, кој бил руско воено атеше во Скопје и Тирана е тој кој дава наредба да се нападне Собранието. Да ве потсетувам ли дека Белград објави дека во Скопје има моќен разузнавачки центар во кој работеле Бугари и Македонци наспроти Србија. Да не заборавиме дека за време на 2019 година рускиот Амбасадор во Скопје изјави дека отако Северна Македонија ќе стане членка на Алијансата ќе се сврти во легитимна цел на Русија за напад. Тоа се вистинските непријатели на денешното зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија и од тие треба да се плашиме.

ПРЕС24: Во овој контекст има и уште една работа која остава доста сомнежи. Возможно ли е да се верува во тезата за некаков сојуз на Софија и Белград против Скопје. Вака наметнатат теза, можеби некој ќе ја дефинира како обид за провокација, но сепак реалноста е дека денеска Софија има подобри одсноси со Белград, отколку со Скопје? 

КРАСТЕВ: Софија има добри односи со сите свои соседи на Балканот. Не сум убеден дека Софија има подобри односи со Белград, отколку со Скопје. Пример за тоа беше неодамнешната остра изјава на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ на адреса на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој го коментира назначувањето на шпанскиот дипломат Жозеп Борел за Комесар за надворешна политика и безбедност, дека тоа не треба да влијае на ЕУ. Потоа сетете се на шпиунската афера, што ја откри бугарскиот новинар Христо Грозев од британската истражувачка мрежа Bellingcat, поврзана со обидот на руското воено аташе да врбува српски официр, кога Белград наместо да се занимава со фактот зошто стратешкиот партнер на Србија - Русија врбува српски официри од специјалните служби, се нафрлува на Бугарија дека сакала да го растури српско-руското пријателство.

Можам уште многу примери да ви дадам дека односите меѓу Софија и Белград имаат свои сериозни проблеми во последните 2 години. Не верувам дека во Бугарија некој е против Македонија, иако има кругови во општеството од поранешни дипломати, историчари и амтивисти на ВМРО, кои му помагаат на продлабочувањето на тензиите меѓу Бугарија и Македонија. Тие кругови влегуваат во сценарија на Белград со цел да пречат на зближувањето меѓу Софија и Скопје. Јавно Бугарија не е во сојуз со Србија против Северна Македонија, но понекогаш го имам чувството дека меѓу определени кругови меѓу Софија и Белград има такви неформални врски, кои сакаат активно да не попречуваат. 

Пред извесно време предлагав Северна Македонија и Албанија да бидат одделени како посебна група, како Централен Балкан и да можат заедно со Грција и Бугарија да се движат заедно напред кон ЕУ, без на тој пат да ги чекаат Србија и Босна и Хрецеговина, кои имаат да решаваат свои внатрешни проблеми, а над Белград му тежи и косовското прашање, кое само може да ги забави Скопје и Тирана на патот кон Брисел.

ПРЕС24: Ве прашувам во контекст на актуелните случувања. Речиси како по непишано правило кога се очекува исчекор напред кон тоа пријателство се појавуваат или документи или изјави кои создаваат негатиности и особено подгреваат недоверба?

КРАСТЕВ: Точно за овие кругови и ви зборувам, од бивши дипломати, историчари, новинари и интелектуалци кои своите светогледи ги формирале за време на живкова Бугарија, кога имаше комплицирани односи меѓу комунистичка Бугарија и титова Југославија. Нивните тези во најголем број случаи создаваат тензии и го преиспитуваат и тоа малку кое е постигнато во сферите надвор од историјата, како елементи на Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Некои од тие фигури, како поранешниот претседател Георги Прванов, предлагаат да се потпише анекс кон договорот меѓу двете страни, што создава недоверба и тензии. Пред извесно време од тие кругови имаше предлози Брисел да се вмеша како посредник меѓу Софија и Скопје. Очигледно дека некои од нив забораваат дека Брисел е Бугарија, затоа што нашата држава е членка на ЕУ од 2007 година.  Имам чувство дека зад таквите изјави и коментари стојат Белград и Москва, што ме плаши, а нашите партнери во ЕУ не можат да ги разберат тие позиции на Софија

ПРЕС24: Од што се плаши Бугарија кога станува збор за македонското прашање?

КРАСТЕВ: Бугарските државјани сакаат објективно да се гледа на заедничката историја. За  Бугарите перцепцијата за македонското прашање е формирана за време на комунизмот и сега е многу тешко таа да се промени. И тоа наследство од времето на комунизмот, денес вешто се користи од Москва и Белград. Сум зборувал со многу македонски Бугари, но и со други државјани на вашата држава, кои ми кажале дека појавата на македонизмот за време на тие сто години на оддалечување меѓу двете општества е како реакција против србизацијата која се случува по Балканските војни, Првата Светска Војна и Втората Светска Војна.

Мислам дека бугарскиот историчар Стефан Дечев е многу исправен кога пед неколку дена за Радио Благоевград, коментирајќи го однесувањето на Софија рече: „Бугарската страна треба јасно да си одговори на пршањето против кој македонизам е. Дали е против македонизмот на Бугарионот и Македонецот Гоце Делчев, дали е против македонизмот на Бугаринот и Македонецот Тодор Алекснадров, дали е против македонизмот на Македонецот Методи Андонов – Ченто, дали е против македонизмот на Југословенот и Македонец Лазар Колишевски, дали е против македонизмот на Блаже Коневски, или е против македонизмот на „антиквизаторот“ и србоман Никола Груевски. Тоа се се различни форми на македонизам и  бугарската страна треба да разбере, да се изјасни што точно сака од Македонците и пртотив кој точно македонизам се бори“.

Ако се отстрани антиквизаторското натрупување од македонизмот и антибугарските влијание, кое е наследство од југословенската комунистичка индоктринација, Бугарија може полесно да ја прими смислата на македонското прашање. На крајот од краиштата АСНОМ почнува со химната на ВМРО, а не со некои југословенски партизански песни нели? Така што колку АСНОМ е македонски, токлу може да се рече дека е и бугарски. Знаете како Белград се однесува кон дејците на АСНОМ за време на 1945 година, внесувајќи ги во затворите на титова Југославија.

ПРЕС24: Јас на пример не сум баш најсигурен дека јавноста во Македонија целосно и јасно ја разбира политиката на Бугарија кон Македонија, исто како што не сум сигурен дека и јавноста во Бугарија целосно и јасно ја разбора политиката на Македонија кон Бугарија?

КРАСТЕВ: Нашите општества не се познаваат доволно. Освен поколението на 70 годишните од двете страни на границата, младите луѓе не се познаваат така целосно, иако еден дел од нив студирале во Бугарија, но чувството е дека врските ослабнале... Тоа е така затоа што нема активна размена на играни филмови, породукции, или заеднички учества на меѓународни музички, или театарски фестивали. Нема медиуми од двете страни, кои ќе покажуваат и известуваат што се случува во нашите општествени животи и бизнисот во двете држави. 

Токму поради тоа сметам дека Договорот за пријателство и добрососедство има клучна улога за зближувањето во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, Ако сега ја надминеме кризата, сметам дека хоризотот на заедничко дејствување ќе ни биде многу широк, дури гледам еден ден нашите држави да имаат заеднички амбасади и да водат заеднички политики и активности во рамки на ЕУ. Сепак веќе сме сојузници во НАТО, нешто што за прв пат се случува во последните 100 години, Бугарија и Македонија да се во еден воено-политички сојуз.

ПРЕС24: Кога станува збор за историските прашања, речиси сите политичари велат Историјата да ја оставиме на историларите. И сега кога историчарите работат на историјата, политиката и политичарите диктираат и правци, но што е уште поважно наметнуваат термини во кои треба да се дојде до договор. Можно ли е под таков притисок Историјата да дојде до историските вистини? 

КРАСТЕВ: Историјата треба да биде оставена на историчарите и разговорите и дебатите да не пречат на останатите сегменити од потпишаниот Договор за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија. Притисок не треба да има, но и во македонското општество треба да се погледене објективно на историјата и историските процеси, не на начинот на кој тоа го креирала југословенската историографија кај генрациите по 1944 година. 

Негативното однесување кон Бугарите во учебниците по историја во Македонија треба да биде отстрането. Треба да се создаде една нормална атмосфера во односите меѓу Софија и Скопје. Ако можам така да ви одговорам, поголемиот брат треба да разбере, дека помалиот брат пораснал, а тој пак од своја страна не треба да го дразни. Треба да соработуваме на изградба на мостови и автопатишта, а не да копаме ендеци.

ПРЕС24: Неспорен е фактот дека македонската историја има многу пропуст, особено поради влијанието на поранешниот социјалистички систем. Но, исто така е неспорен и фактот дека бугарските историја има премногу романтичарски поглед кон македонското прашање. Поентата ми е дали за историската вистина не е потребен процес на внатрешно реално препрочитување на историјата од секоја од државите. Можно ли е такво нешто?

КРАСТЕВ: Историјата е многуслоен процес во кој ништо не е само црно или бело. За осознавање на историјата и фактите во нејзе треба време. И додека историчарите разговараат, вадат документи, треба да им дадеме шанса на тие кои сакаат да ги нормализираат односите меѓу Скопје и Софија. Историјата треба да биде прочитана до крај и од нејзе да се отстранат слоевите на југословенската индоктринација во односот кон Бугарите, дека се татари, варвари или дека се укарале од Македонците. Денес сепак времето е друго и тоа нема да ни прости ако ја пропуштиме оваа историска можност да се зближиме. Тоа што остава горчлив вкус во Бугарија е што Србите не се перцепирани како окупатори во Македонија, туку како ослободители. Современите македонски историчари треба да дадат точна и непристрасна оценка за Македонија во составот на Кралството Југославија и како биле уништувани луѓето кои не сакале да се изјаснуваат како Срби и какви еконмски штети се нанесени на локалната економија. Работите треба јасно да бидат кажани за целиот период на управување на Србија и Југославија.

ПРЕС24: Кога се набљудуваат македонско-бугарските односи, се има впечаток дека се се сведува на историја и на стравот од Бугарија за некакво македонски влијание во внатрешните работи на Бугарија. Тоа само по себе се односи на недоверба. Ние имаме Договор за добрососедство, во кој две или три точки се однесуваат на овие прашања. Сите останати се на реалните проблеми. Зошто никој не зборува за економијата, за инфраструктурата, за бизнисот, зошто никој не зборува за заеднички развој на двете држави, пеку енергетика, информатика, телекомуникации... дали во овие делови двете држави се задоволни од реализацијата на тој договор? 

КРАСТЕВ: Веќе реков дека Договорот меѓу Бугарија и Македонија треба да биде исполнет со реална содржина. Таквата содржина е изградбата на пример на автопат меѓу двете држави, кој би го носел името Гоце Делчев. Видете што ќе прават Србија и Косово, со американски капитал, ќе градат автопат меѓу Ниш и Приштина, кој ќе го носи името „автопат на мирот“. Ако можат Срби и Косовари да го направат ова само 21 година по конфликтот во Косово, зошто и ние Бугари и Македонци не можеме? Време е Бугарија и Македонија да продолжат напред, затоа што времето работи за нашето зближување, независно од проблемите кои никнуваат, или ќе никнуваат во иднина. 

Туризмот исто е бренд пред кој Бугарија и Севарна Македонија можат да привлечат туристи од големите пазари, кога ќе биде надмината кризата со Ковид 19. Можеме многу активно да соработуваме и во сферата на иновациите, каде можеме да си бидеме од корист и да привлечеме инвестиции од високотехнолошки западни компании и држави, како што на пример е Израел. Во сферата на енергетиката можеме да бидеме уште поповрзани и да работиме на регионалната енергетска сигурност. Знаете дека Бугарија веќе закупи 20% од терминалот за течен гас во Александропулис, нешто што може да биде интересно за Македонија, ако сака да си гарантира нови маршрути за достава на енергоресурси од Азербеџан, Египет, Катар и Алжир и Источното Средоземноморие. Најважна е изградбата на Коридорот 8, кој може да го промени наметнатиот правец север-југ од пред 100 години и да ја преориентираме регионалната карта поврзувајќи го Јадранското море со Црното море, со што можеме да бидеме интересни не само на нашиот бизнис, туку и на глобалниот, затоа што тоа ќе го го засили дополнително значењето на Балканот и европопскиот југоисток. 

Грешка беше што се постави историјата како водечки елемент, затоа што гледаме дека недоразбирањата ги блокираат сите други планови за развој на нашите односи. Токму тоа треба да биде променето. Ги изгубивме овие три години по потпишувањето на Договорот меѓу Бугарија и соседна Македонија, и сега сметам дека е време за храбри чекори напред. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега