Фабрика за полнење вода ќе никне во Гари

 

Во близина на дебарското село Гари утре ќе биде поставен камен-темелник за изградба на фабрика за полнење вода.

Се работи за инвестиција на корпорацијата „Мали Лошињ“,составена од компаниите „Мл-Гари“, „Мл-Ничипур“ и „Мл-Каратаж“, кои се занимаваат со експлоатација на вода и камен, вредна 6 милиони евра.

Инвеститорот ја најави изградбата на фабриката откако минатата година од Министерството за економија доби лиценца за експлоатација на подземни води. 

Се очекува фабриката да биде пуштена во употреба идното лето.

29.10.2013 - 08:21
Фото: 
фактор.мк

најчитано сега