Обидот за духовитост ги чинеше скапо: BMW се посрамотив со новата реклама, возачите бесни
На социјалните мрежи се појавило видео од реклама која наводно ја направил увозникот на BMW за Чешка.
Видеото прикажува исплашен млад клиент на авто-школа, кој се мачи со паркирањето, додека неговиот инструктор не може да го сокрие незадоволството. Момчето не знае ни да ја затвори вратата од автомобилот е засрамено од својата неумешност.
Но, кога излегува од стариот автомобил на авто-школата, момчето на празен паркинг забележува ново BMW од серија 4. Автомобилот го кани да се повозат, момчето прифаќа и се претвора во брутален мајстор на брзините и дрифтот. Инструкторот сето тоа го гледа во шок.
Идејата е јасна: BMW на сите им овозможува да уживаат во возењето, додека се зависи од автомобилот.
Меѓутоа, таа идеја не им се допаднала на гледачите, посебно бидејќи возачите на "BMW" важат за најневнимателни на патиштата. Често се обвинети за непочитување на другите учесници во сообраќајот, при што некои одат толку далеку што дрските возачи ги сметаат за феномен на марката BMW.
Кон рекламата не биле благонаклонети и некои возачи на BMW, кои мислат дека ваквите реклами само ќе ги продлабочи предрасудите кон оние кои навистина уживаат во возењето со овој автомобил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа