Има 28 години и се уште е девица- пејачката јавно проговори низ што минува поради ваквата одлука
Пејачката Ели Брук ја градеше својата кариера како член на групата "Fifth Harmony" ,а сега во искрено интервју призна дека е сè уште девица на 28 години и изјави дека така ќе остане до бракот.
Навистина сум среќна што можев да го споделам тоа со моите обожаватели и читатели и да им ја покажам одлуката што ја донесов, и нека ја прифатат како што сакаат - вели таа и додава дека поради тоа наишла на бројни осудувања од поединци.
Имаше моменти кога луѓето ме исмеваа или не ми веруваа, но јас едноставно морам да го имам тоа во моето срце, да ја знам својата вистина и нека биде како сака. Неверојатно е чувството да се види како некој го почитува тоа. Никогаш не сум почувствувала никаков притисок - рече Ели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа