Хорор: Силувал старица пред очите на нејзиниот неподвижен сопруг

 

Полицијата во Крагујевац уапсила монструм кој силувал старица пред нејзиниот неподвижен сопруг.

Се работи за 52-годишниот Дејан М. кој најпрво ја  ограбил старата брачна двојка,  Р.Б. (77) и М.Б. (81). Тој побарал пари, а откако не добил голема сума, ја нападнал старицата.

-Бесен поради малиот износ, приведениот ја фатил старицата Р.Б. за рака, ја фрлил на креветот и и ја искинал облеката. Потоа ги соблекол панталоните и пред нејзиниот неподвижен маж, ја силувал жената која викала за помош. Кога го задоволил својот болен нагон, Дејан со парите побегнал од куќата, по што за помалку од 24 часа бил уапсен, вели за весникот Ало извор од истрагата.

Старицата изјавила дека потешко и било што целиот хорор морал да го гледа нејзиниот болен сопруг. 

29.10.2013 - 11:17
Фото: 
Денешен

најчитано сега