Дуинг Бизнис: Македонија најдобар бизнис реформатор во регионот
Република Македонија уште еднаш докажа дека е лидер во регионот во подобрувањето на деловното опкружување и во најновиот извештај на Дуинг Бизнис по четврти пат се најде меѓу водечките десет топ реформатори, а на глобалната ранг листа се наоѓа на високото 25-то место.
Иако Македонија во извештајот што го изработуваа Светската банка, бележи незначителен пад во споредба со минатиот извештај, кога беше на 22-ро место и натаму е најдобра во југоисточна Европа, и прва во регионот.
Извештајот е базиран врз десет области, отворање бизнис, заштита на инвеститорите, регистрирање на имот, пристап до кредити, издавање и добивање дозволи за градба, прекугранична трговија, спроведување на договори, справување со солвентноста, добивањето електрична енергија и плаќање даноци.
Во споредба со Македонија, Србија според условите за водење бизнис забележа пад од седум места и се најде на 93 позиција меѓу 189 земји, што е пад за шест места во однос на минатата година, се наведува во Извештајот за 2014 година. Земјата најлошо е рангирана по брзината на издавање на градежни дозволи, каде се задржа на 182 место.
Меѓу земјите во окружувањето од Србија полошо е позиционирана само Босна и Херцеговина која се најде на 131 место. Најдобро рангирана е Македонија, која и годинава се наоѓа меѓу земјите кои и во овогодишниот извештај забележа најголем напредок. Потоа следат Словенија на 33 место, Црна Гора на 44 место, Хрватска на 89 место и Албанија на 90 место.
Босна и Херцеговина со ниту една спроведена реформа е на 131 позиција, што е пад за пет места, додека Црна Гора забележа напредок за седум позиции и се најде на 44 место, откако воведе едношалтерски систем за брзи одговори и систем на нотари.
Косово годинава, исто така е меѓу водечките реформатори во областите за започнување на бизнис, градежни дозволи и регистрација на имотот, кои му овозможија скок за 12 места, на 86 позиција.
Хрватска спроведе пет реформи во областа за прекугранична трговија и поедноставување на извозните царински постапки и си ги обезбеди 89 место на листата, додека Албанија се најде веднаш зад неа благодарение на реформата спроведена во областа на плаќање данок.
Украина е најголем реформатор во светот со реформи во осум од десет области.
Во извештајот, исто така се наведува дека Македонија е на петто место од 50 земји кој од 2005 година до денес највеќе напредувале.
Лидери во областа најдобри услови за компаниите во светот, како и минатата година се Сингапур, Хонг Конг и Нов Зеланд.