После 65 години истражувања, сега и официјално е докажано: Три хороскопски знаци живеат најдолго и најдобро

 

Луѓето кои живеат 100, па и повеќе години, имаат различни тајни за долговечност, но се докажало дека имаат нешто заеднично.

Имено, неколку истражувања и анализи на статистички податоци, покажале дека луѓето родени во хороскопскиот знак Рак убедливо најдолго живеат, а после нив се Овните и Девиците.

За тоа дека Раковите, Овните и Девиците се најдолговечни потврдила студија која собирала податоци уште од 1955-та година.

Се верува дека Раковите живеат најдолго пред сè затоа што повеќето од нив водат здрав живот. Мотивацијата за здрави навики најчесто лежи во тоа што сакаат што повеќе време да поминуваат со своите сакани, особено со своите деца. Инаку, луѓето родени во овој знак се екстремно грижливи и посветени на своето семејство.

Девиците живеат долго затоа што многу водат сметка за себе и своето здравје. За најголемиот број Девици правилната исхрана и вежбањето се начин на живот и често не умеат да живеат поинаку. Поради тоа воглавно се смирени и ретко се под стрес.

Тајната за долговечноста на Овните лежи во фактот дека имаат силна страст за животот. Благодарение на внатрешниот оган по кој се познати, не само што живеат долго, туку се и младолики. Генерално, Овните важат за луѓе со силни нерви, поради што многу помалку се нервираат и полесно ги надминуваат тешкотиите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега