ВИДЕО: Стоматолог тврди дека цело време погрешно ги миеме забите - покажа како е правилно
Стоматологот Гао Тех, апсолвент на Кингс колеџот во Лондон, објавил видео во кое покажува дека количината на пастата која често се користи во рекламите е всушност премногу, пренесува Дејли Меил.
Објаснил дека повеќето луѓе мислат дека што повеќе паста стават на четката за заби, тоа подобро ќе ги измие забите, но тоа и не е баш точно. За децата постари од 3 години и возрасните доволна е количина колку мало црно грашок, а на помладите им е потребно уште помалку.
Поради преголемата количина на паста за заби, децата и возрасните, може да имаат проблем со конзумација на вишок флуор од пастата. Флуорот ако се внесе во големи количини, може да забите да предизвика козметичка состојба позната како забна флуороза. Се манифестира со блага промена на бојата до жолти или смеѓи дамки на забите, објаснил Гао.
Употребата на помала количина на паста може да спречи тоа да се случи. Исто така, Гао открива дека не би требало да ја плакнеме устата со средство после завршување на четкањето, затоа што на флуорот му треба време за да делува. Средството за плакнење на устата најдобро да го користиме во друг дел од денот, одвоено од четкањето.
Are you using the right amount of toothpaste? ##dentist ##dental ##dentistry ##tiktokguru ##youngcreators ##learnontiktok ##edutok ##teeth ##foryou
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа