ФОТО: Мајка ѝ ветила на ќерката дека ќе го види омилениот лик од цртаните, па била искритикувана - пред врата ја дочекало морничава глетка
Челси Ли Блекбурн го поделила мислењето на луѓето на социјалните мрежи откако објавила фотографија каде ја измамила својата ќерка да мисли дека пред домот е нејзиниот омилен лик од цртаните.
Доли била навистина возбудена што ќе го запознае својот идол, но кога потрчала кон вратата брзо се разочарала откако видела мртва свиња која се доставувала во блиската месара.
„Живееме во близина на месара во која еднаш неделно се носат свињи. Доли секој пат истрчува на прозор за да ги види. Кога се вселивме, не бев воодушевена со тоа, но сега гледам дека тоа воопшто не ѝ пречи“, вели Челси.
Фотографијата на која се гледа разочарување на девојчето, мајката ја објавила на својот Фејсбук профил, каде брзо станала вирална, но и предизвикала бурна реакција на корисниците на социјалните мрежи.
„Ова е страшно. Зошто некој ова би му го покажувал на дете од 3 години“, е само еден од многубројните коментари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа