Иако се здрави овие неколку намирници никако не смеете да ги јадете кога сте болни: Само ќе ги влошите настинката и грипот

 

При првите знаци за настинка или грип, знаете што се прави: се готви домашна пилешка супа, се прави чај во кој се додава лимон или ѓумбир, се пие сок од свежо цеден портокал и се јадат цитруси во големи количини.

Знаете дека никако не смеете да внесувате благо, особено ако имате болки во грлото!

Но дали знаете дека некоја здрава храна може дополнително да му наштети на вашето здравје?

Еве список на производи што никако не смеете да ги јадете кога сте болни…

Кога имате грип, настинка или грозница, одбегнувајте:

Спанаќ – се смета дека спанаќот ги активира клетките, наречени мастоцити, да ослободуваат хистамин и го активираат воспалителниот процес, што дополнително го влошува заморот и другите симптоми на настинка и грип.

Ореви – овој производ содржи хранливи состојки што му помагаат на телото да се избори со инфекциите, како што се цинк и витамин Е. Но најдобро е да се воздржите од консумирање на овој производ во почетната фаза на болеста, особено ако имате стомачен вирус или грозница. Оревите се богати со маснотии што телото мора да ги согорува долго, а тоа може да ви ја одземе енергијата што ви е потребна.

Брокули – за да не го иритирате гастроинтестилниот тракт, јадете храна што содржи помалку влакна и која е полесна за варење, за телото да има време да се бори против инфекцијата.

Наместо тоа, можете да јадете: печурки, лути пиперчиња, пилешка супа…

Кога имате главоболка, мора да одбегнувате:

Старо сирење – колку што е производот постар толку повеќе хистамин содржи, а старото сирење е на врвот од таа листа. Хистаминот може да предизвика ширење на крвните садови во мозокот, предизвикувајќи главоболка или влошувајќи ја состојбата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега