Македонија од ЕУ ќе добие 600 милиони евра

 

Доколку Македонија е дел од ЕУ, во периодот од 2014 до 2020 година би добила 3,7 милијарди евра помош, додека сега со новиот Инструмент за предпристапна помош ќе и бидат достапни 595 милиони евра во следните седум години, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Овие податоци велат дека Македонија досега од ИПА последниве години имала на располагање во просек по 85 до 90 милиони евра годишно, со тоа што на почетокот во 2007 година ни биле достапни 56 милиони евра, а годинава преку 110 милиони евра, но државата не искористила доволно за целиот седумгoдишен период од овие средства, односно само околу третина. Затоа, со новиот ИПА-2 систем за помош од Унијата, Македонија ќе добива по фиксни 85 милиони евра секоја година или вкупно 595 милиони евра.

Единствена добивка од грчките блокади на македонските евроинтеграции е тоа што земјата не влегува во втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација (ССА), потпишан уште во далечната 2001 година. Тоа и експлицитно беше забележано во последнио извештај на Еврокомисијата за нашата земја, посебно што на 1 април 2014 година истекуваат десетте години што се максимум кога една земја треба да го заокружи процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Втор договор што ќе се активира во случај на македонски премин во втората фаза на ССА е слободно движење на капитал, што во моментов го нема ЕУ и што е интересно, како големи инвеститори во Македонија, не им одговара на грчките бизниси, оти така полесно ќе ги спроведуваат трансакциите на нивните фирми во нашата земја, но и поркај тоа, нивната матица Грција не блокира.

 

30.10.2013 - 13:53

најчитано сега