Струмица: Се обидел да обљуби 12 годишно девојче

 

Ја прашал каде е тоалетот па почнал да ја допира по телото. Постар маж, вчера наутро се обидел полово да нападне 12 годишно девојче во струмичкото основно училиште Видое Подгорец. Како што инфомрира полицијата, мажот за кој се верува дека бил под дејство на алкохол, му пришол на девојчето во близина на училиштето Побарал да му покаже каде е тоалетот а потоа почнал да го допира по телото. Девојчето почнало да вика за помош, по што веднаш пристигнале, најпрво нејзините соученици а потоа и наставнчката. Повикале полиција, а полициките службеници пристигнале веднаш. 
Лицето е приведено и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветна пријава.

30.10.2013 - 14:23

најчитано сега