ВИДЕО: „Видов дека имам нешто на кожата, што може да ме убие“ - британската ѕвезда се запрепастила кога докторот ѝ ја кажал дијагнозата

 

Моли Меј, ѕвезда од реалните шоуа во Британија и Инстаграм инфлуенсерка, открила дека младежот кој неодамна ѝ бил отстранет од нозете ѝ бил животна закана.

Лекарот преку телефон ѝ рекол дека има малиген меланом. Моли тешко ја прифатила веста.

-Одев со рак на кожата на нозе. Знаев дека е тука, но не знаев дека може да ме убие - рекла Моли. Веста ја дознала додека била на бизнис патување во Италија. Младежот прво го воочила нејзината мајка и тоа на екран, додека Моли била во реалното шоу.

Моли потоа отишла на лекар, а два дерматолози ѝ рекле дека нема причина за грижа. Но, таа одлучила да побара и трето мислење, затоа што чувствувала дека нешто не е во ред. Бопсијата на крајот покажала дека станува збор за малиген израсток.

- Ни сама не знам што би мислела или рекла. Не можам да верувам дека другите доктори ми рекоа дека се е во ред. Толку сум вознемирена и бесна - рекла Моли и апелирала секој да ги провери своите младежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега