Гејтс повторно за пандемијата со коронавирусот: Идејата дека некој одбивада носи маска е чудна- што се тие, нудисти?

 

Еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во еден подкаст зборуваше за моменталната состојба во светот.

Тој го спореди носење маска со носење панталони.

Како што нагласи, првите препораки во врска со коронавирусот беа исти како и за другите респираторни заболувања, но се покажа дека ковид 19 е многу поопасен.

На места каде маските се задолжителни, бројот на лица заразени опаѓа, па според едно истражување, носењето маски до март 2021 година би спречило смрт на повеќе од 63 000 Американци.

Сепак, многу граѓани на САД го претворија одбивањето да носат маски во политичка изјава против науката и гест на независен избор, смета Гејтс, објаснувајќи колку за него се несфатливи таквите луѓе, пренесува Т портал.

„Самата идеја некој да одбие да носи маска е неверојатно чудна за мене.Кои се тие, некои нудисти? Ние исто така ги замолуваме луѓето да носат панталони, и не многу од нив се жалат на тоа. Ако сакате животот да се врати во нормала, носете маска или не носете маска, туку останете дома“, рече милијардерот.

Промена на мислење

Гејтс исто така го изрази своето мислење зошто маските не се сметаа за важни во претходните фази на пандемијата.Како што објасни, научниците ги засновале своите совети на она што го знаат за респираторни вируси како што се настинки и грип.

„За разлика од кашлањето, може да се заразите со Ковид 19 со разговор со друго лице. Ако, на пример, некој со настинка помине еден час во соба со здрави луѓе, повеќето ќе останат здрави.Во случај на Ковид 19 - скоро сите би биле заразени “, рече тој.

Друг клучен фактор кај короната, смета Гејтс, е можноста за ширење во асимптоматски случаи. Според него, експертите заклучиле дека „домашните“ платнени маски, особено оние со три слоја, спречуваат ширење на инфекцијата.

Во раните фази се сметаше дека само H95 или медицинските маски вршат работата, па затоа тие беа чувани за здравствените работници.Сега е целосно јасно дека носењето маски има огромно влијание.Има дијаграм што покажува кои маски се најефикасни во различни ситуации “, додаде тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега