Припремете шолја од овој чај уште денеска: Ја поттикнува регенерацијата и спречува појава на гастроинтестинални болести
Една од најпопуларните лековити билки е невенот. Овој мал портокалов цвет е ризница на многу витамини и антиоксиданси.
Кога редовно се консумира, невенот може да има терапевтски ефект врз телото, пружајќи превенција од разни болести и подобрување на состојбата на кожата.
Еве зошто невенот го заслужува вашето внимание:
Богат со антиоксиданси
Невенот содржи голем број полифеноли, каротеноиди и флавоноиди - моќни антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетувања од слободните радикали, го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат прераното стареење на телото.
Поттикнува регенерација
Невенот има антиинфламаторни и лековити својства. Активните супстанци го стимулираат производството на колаген и други протеини одговорни за обновување на ткивата.
Го одржува оралното здравје
Благодарение на антисептичните и лековити својства, чајот од невен може да спречи расипување на забите и да ја намали болката и воспалението по посетата на заболекар. Експертите препорачуваат употреба на чај од невен и како средство за испирање на усната шуплина.
Ја подобрува состојбата на кожата
Екстрактот од невен е популарна состојка во кремите за лице и серумите. Активните состојки спречуваат воспаленија и акни, ја хидрираат кожата и го изедначуваат тенот.
Спречува појава на гастроинтестинални болести
Невенот благотворно делува на слузницата на желудникот и цревата, спречува воспаленија и овозможува превенција од различни болести на дигестивниот систем. Редовниот внес исто така ќе ве заштити од непријатност и болки во стомакот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа