Приведени двајца разбојници од Скопје
Две лица уапсени по пријава за грабеж во Скопје.
Полициски службеници од ЕВР ОКР Центар денеска (27.12.2020) околу 16 часот ги приведоа А.Ј.(31) и П.С.(63), кои во 15:40 часот со закана одзеле пари од вработен во филијала на финансиско друштво.
Веднаш по добиената пријава од Д.Б., вработен во филијалата на бул. ВМРО во Скопје, преземени се соодветни мерки и активности и разбојниците веднаш се приведени во близина на Камениот мост.
Двајцата приведени се сомничат за уште две разбојништва.
27.11.2020 - 17:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа