ВМРО-ДПМНЕ: Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ
Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Споре партијата, Заев трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија.
-Тој ги поткопува темелите на државноста и ја поганува жртвата на Илинденците и Партизаните за македонска држава. Ако е точно дека премиерот во заминување Заев веќе направил нов нацрт договор со кој се откажува од македонскиот јазик, идентитет и историја тоа ќе биде огромен пораз за македонската држава. Го повикуваме Заев да не си игра со идентитетот, јазикот и историјата. Неговиот срам нема да дозволиме да биде и наш колективен срам. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија. Блокадата од Бугарија е вина на коцкарските политики на Заев неговите ветувања и желбата по секоја цена да се заддржи на власт за да краде. Тој повеќе нема легитимитет да преговара и затоа треба да си даде оставка. Оставка на Заев, слобода на народот, се вели во дописот од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа