ВИДЕО: Снимка од апсењето на убиецот на монахот Стефан - специјалците го опколиле, а тој се заканил дека ќе се самоубие
Припадници на САЈ (Специјална антитерористичка единица) го уапсија денеска осомничениот за убиството на монахот Стефан, Драган Шево, денеска во Бања Лука, а при апсењето немал време да пружи отпор. Меѓутоа, се повредил со нож, а на среќа не повредил никој друг, па бил пренесен со возило на Брза помош.
„Припадници на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска во 15:55 часот го уапсиле осомничениот од Бања Лука, кој се сомничи за тешко убиство во манастирот Глоговац, кај Шипово“, соопштено е од српското МВР.
Шево бил лоциран на влезот во Бања Лука, а апсењето се случило во мотелот „Нана“.
„Се обиделе да го убедат да се предаде, но одбил. Се заканувал дека ќе се убие со ножот со кој го извршил убиството. На терен излегле припадници на САЈ и го пронашле во мотелот „Нана“, Специјалците брзо упаднале во соба, а тој со нож се обидел да си ја исече ногата“, рекол Лукаќ.
Лукаќ истакнал дека специјалците со брза реакција го совладале и го уапсиле.
Да потсетиме, монахот на манастирот Глоговац, отец Стефан, беше убиен со нож во понеделникот, а оттогаш полицијата интензивно трагала зпо убиецот.
Неговиот соучесник за кој се претпоставува дека го возел после убиството е уапсен.
Како што пишуваат медиумите, Шево после убиството од манастирот украл околу 100 германски марки, после што избегал, а веќе на полицијата ѝ бил познат поради проблеми со дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа