10 женски особини кои ги иритираат зрелите мажи
Зрелите момци не размислуваат како младите момци. Резултатите на оваа анкета можеби ќе ве изненадат.
Анкета во која што учествувале 20.000 мажи и жени се обидела да открие што ги привлекува постарите мажи, а тоа често ги одбива помладите момчиња.
Нивните желби очигледно дека се менуваат со текот на годините и стекнувањето искуство во текот на животот.
Истражувањето кое што го спровеле „YourTango“, „Glo.com“ и „Chemistri.com“ се обидело да даде увид во тоа што ги привлекува и одбива мажите во средните и поодминати години кај понежниот пол.
Анкетата исто така открила што најмногу им пречи на зрелите мажи кај жените. Не сакаат себични и нарцисоидни жени, а знаат да ја ценат романтиката.
10 работи кои зрелите мажи не ги сакаат кај своите партнерки:
1. Недостаток на романтична љубов
2. Незрелост
3. Недостаток на интелигенција
4. Здодевност, недостаток на авантура
5. Недостаток на емпатија
6. Недостаток на нагон, амбиција
7. Лоша лична хигиена
8. Недостаток на сексуални вештини
9. Екстремен поглед кон религијата
10. Расистички идеологии или предрасуди
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа