Ставревски: Банките имаат доволно средства да го поддржат економскиот раст

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ги повика банките да го поддржат економскиот раст бидејќи имаат доволно средства. 

- Општата состојба во економијата во Македонија е подобра отколку во остатокот од европските земји, во Европа имаме подобрување на економските перспективи, а ликвидноста на банките е висока. НБРМ и Министерството за финансии овозможија повеќе средства да останат кај банките и на тој начин сметам дека сега е редот на банките. Нема ниту една причина да не ги кредитираат повеќе македонските фирми и населението бидејќи ни се потребни и приватни инвестиции и потрошувачка, изјави министерот за финансии Ставревски.

Во текот на вчерашниот ден беше посочено дека растот на кредитирањето е 3,7 проценти и дека се создадени сите услови следната да се постигне повисока стапка од 7-8 проценти.

 Ставрески потенцираше дека и понатаму Македонија останува четврта најниско задолжена земја во Европа.

01.11.2013 - 12:42
Фото: 
Sitel