Од денеска сите постапки за градење по електронски пат

Од денеска сите административни постапки предвидени во Законот за градење ќе се вршат по електронски пат. Освен дозволата, електронски ќе се спроведуваат и постапките за одобрување на идеен проект, измена во тек на градба, промена на инвеститор, издавањето на одобрение за подготвителни работи, реконструкција, адаптација и пренамена на објект....

- Системот добро функционира и самиот факт дека досега имаме издадено 205 одобренија покажува дека тој добро функционира. Системот е едноставен, движењето на предметот може да се следи преку СМС и целокупната документација се доставува во електронска форма, појасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на заедничка прес-конференција со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека сите отпочнати постапки до денес, ќе бидат завршени согласно процедурата која е започната.- Ова ќе придонесе и за рејтингот на Република Македонија во делот на одобрение за градење во извештајот на Дуинг бизнис од Светска банка, истакна Јанакиески.

 Трајановски истакна дека на овој начин се подигнува квалитетот на функционирањето и давањето на услугите на општините.

- Сега имаме еднозначност во давањето на документацијата, поголема транспарентност, не се користи повеќе хартија и се забрзува постапката за добивање одобрение за градба и другите документи согласно законот. Со тоа Република Македонија го подигна нивото на квалитетот на услуги што ги дава кон граѓаните и ја вброи државата во земјите кои имаат голем напредок во примената на електронскиот начин на давањето на услуги, рече Трајановски. 

Од 1 јуни годинава досега електронски се издаваа само дозволите за градење. 

01.11.2013 - 12:57
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега