Полициски час во Грција за време на Божиќ: Кој ќе ги прекрши рестриктивните мерки ќе плати казна од 300 евра
Грчката полиција ќе даде посебен акцент на одржување на ограничувачки мерки за време на Божиќ, кога секој што ќе ги прекрши ограничувачките мерки ќе плати 300 евра, пренесе агенцијата АНА.
Иако сè уште не е прецизирано што ќе бидат опфатени со ограничувачките мерки, можно е да се затворат метро станиците во Атина, особено станицата Синтагма, каде што се очекува граѓаните да го одбележат раѓањето на Исус.
Конечната одлука за ограничувачките мерки ќе ја даде полицијата, а она што е веќе познато е дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот ќе остане во сила за време на празниците, вклучително и Бадник и новогодишната ноќ.
Секој што вози низ улиците на Атина за време на полицискиот час ќе биде запрен и ќе му се бараат документи, односно потврда за дозвола за движење за време на полициски час, што може да го поседуваат само медицински лица и работници на некои други служби.
Кој сака да ја напушти куќата на Божиќ со цел да ги посети роднините, ќе мора да испрати СМС и да ги извести властите каде оди, а истото важи и за враќање дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа