Тренерката е знак за животен пораз - легендарните изјави на Карл Лагерфилд кои засекогаш ќе ги паметиме

 

Модниот гениј Карл Лагерфелд беше незаменлив во своите амбиции, креативност, желби и непресушна енергија со која ја водеше модната марка Шанел, својата сопствена марка Карл Лагерфелд и Фенди. Беше познат како брутално искрен човек, некогаш на граница на навредливо, па неговите изјави често знаеја да ја „вознемират“ јавноста и да предизвикаат остри реакции.

Без влакна на јазикот ја критикуваше секоја појава која не му се допаѓаше. Една од неговите легендарни изјави беше дека тренерката е знак на животен пораз и дека луѓето кои носат тренерки кренале раце од самите себе. Во продолжение, прочитајте некои од познатите изјави на Лагерфелд.

-Не барајте потврда од другите ако сакате да останете ментално стабилни.

-Сакам постојано одново да се измислувам. Тоа е дел од мојата работа.

-Да се чувствувате младо доаѓа од начинот на живот, а не од датумот на раѓање.

-Многу сум приземен. Само не сум на оваа земја.

-Никогаш не зборувајте дека нешто е ефтино. Денес сите може да изгледаат шик во облека која не е скапа. Може да бидете најшик личност во просторијата во обична маичка и фармерки.

-Желбата ми е сите да носат тоа што сакаат и да го стилизираат на свој начин. Тоа значи да се биде модерен.

-Кога луѓето сакаат да бидат сакани поради тоа што го работат, време е да престанат тоа да го работат.

-Модата се движи напред, не живее за сеќавање.

-Посебноста почнува кога споредувањето престанува.

-Промената е единствен начин да преживеете.

-Црно и бело секогаш изгледаат модерно, што и да значи тоа.

-Сакам да ги работам работите брзо, зашто се ми станува здодевно.

-Убавината со карактерот старее поубаво од билокоја совршеност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2021 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега