Нова студија: Луѓето кои го прележале коронавирусот имаат подобра заштита од повторна инфекција отколку луѓето кои биле вакцинирани
Луѓето кои го прележале Ковид-19 имаат поголема заштита од реинфекција пет месеци подоцна отколку луѓето кои ја примиле оксфордската вакцина, а истото важи и за вакцината на Фајзер, објави Националната служба за јавно здравје на Англија (PHE).
Податоците од студијата „PHE Siren“, која го следи здравјето на повеќе од 20.000 медицински лица во повеќе од 100 градови во Велика Британија, покажаа колку членови на медицинскиот персонал имале коронавирус повеќе од еднаш.
Утврдено е дека 6.614 медицински работници добиле вирус во првата половина на 2020 година, а само 44 лица од оваа група повторно се разболеле од корона, објави „Дејли меил“.
„PHE“ додава дека ова значи дека луѓето кои биле подложени на коронавирус имаат 83 проценти заштита од реинфекција, а исто така се намалуваат во можноста да развијат посериозни симптоми во случај на повторување на болеста.
Се додава дека само 15 од 44 лица кои повторно се инфицирале, развиле симптоми на Ковид-19, додека останатите биле асимптоматски случаи.
Истражувачкиот тим соопшти дека тие можат да кажат дека природниот имунитет на Ковид 19 трае најмалку пет месеци, бидејќи студијата трае толку долго, но таа ќе продолжи и во следните 12 месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа