Утре е Богојавление- според народните верувања сите немажени девојки треба да замесат тесто
Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас.
Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.
Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.
Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.
18.01.2021 - 14:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа