Стевчо Јакимовски „згрме“ против СДСМ: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“

 

Стевчо Јакимовски распали по своите поранешни сопартијци.

„Како што милува Бранко Црвенковски да каже: „Ем СДСМ-овчиња-ем мангупчиња!“ Ем СДСМ-овска фирма (зет и дедо-од Кабинетот на последната Влада на Социјалдемократскиот сојуз) на тендер ја добија изградбата на плоштадот во Влае, ем ја оплескаа работата, ем држат пресови за незавршување на плоштадот.

И покрај сите преписки со Општината и укажувања за неизвршените работи и неисполнети обврски што ги имаат, тие очекуваа да ги молиме и својот непрофесионализам и опструкции сега го покриваат со најдрски пресови.Плаковци! Наместо да се покријат од срам, уште вината ја префрлаат на Општината.

 

Советниците од советничката група на СДСМ, пред да си прават публицитет со неинвентивни изјави, прво нека си погледнат во сопствениот двор што кадар  нудат на „пазарот“, а не да се посипуваат самите со пепел.“ - велат од општина Карпош. 

Реакцијата следи откако социјалдемократите обвинија дека Јакимовски се уште не го изградил плоштадот во Влае иако го ветил во предизборната програма.

03.11.2013 - 22:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега