Руски научник открива: Колку време по вакцинација е потребно за да се создаде имунитет?

 

Имуниот одговор на новиот коронавирус не се развива пред 32 до 45 дена после вакцинација или максимално 52 дена после, изјави денеска Александар Горелов, заменик директорот за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија. 

– Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да пројдат 32 до 45 дена, додека максималната количина се развива после четири периоди инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Меѓутоа, тоа не значи дека можеме да престанеме да ги носиме маските, рекол Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако од некоја причина го пропуштат датумот на другата доза.

– Тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Заради тоа мислам дека времето би можело да биде избрано во овој рок. Веќе сме свесни дека тоа е класичен пример – 30-45 дена меѓу вакцинациите е прифатлива временска рамка, рекол експертот.

Русија на 18 јануари почна масовна вакцинација против коронавирусот. Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини „Спутник V“ или ЕпиВаКорона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега