Температурите паѓаат се најавува и дожд - еве какво ќе биде времето во наредната недела

 

Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 3°С до 9°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 23°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 7°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 20°С.

Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд претежно во западните предели и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°С до 12°С, а максималните дневни температури од 14°С до 21°С.

Умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд проследени со силен ветер ќе биде во среда. Ќе дува засилен јужен  и југоистпечен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 7°С до 13°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°С односно до 19°С.

Во четврток во Македонија по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно со локална облачност ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветрот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 2°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°С до 19°С.

Во петок по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 8°С а максималните дневни температури од 14°С до 21°С.

Во деновите од викендот не очекува повторно сончево но постудено време.

Во сабота и недела по студените утра во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од -1°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14°С односно до 21°С. 

03.11.2013 - 22:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега